Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kamenickareka fin

16.09.2020

Максимални 100 илјади евра казна за рудникот Саса се предвидени со Законот за животна средина за еколошкиот инцидент во кој завчера рано наутро три илјади кубни метри рударска јаловина завршија во Каменичка Река.


Според резултатите на инспекцискиот увид, јаловината што се излеала во реката потекнувала од едното од четирите хидројаловишта на рудникот Саса во Македонска Каменица, поради продор на вода во десниот бок на јаловиштето, информира Државниот инспекторат за животна средина по извршениот увид.

Овој материјал, разлеан со вода од реката Каменица, потоа дошол до градилиште на мала хидроелектрана, го исполнил просторот како и речното корито на реката, притоа загадувајќи ја со јаловиште, се вели во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.

„Направен е теренски увид со фотографирање како и увид во документација од водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице Рудник Саса. Понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување според член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1, кој предвидува максимална глоба во износ од 100.000 евра во противвредност во македонски денари за правно лице. На правниот субјект му е наложено да постапи според предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка, кое според закон ќе биде доставено во предвидениот рок“ – се вели во записникот.

Досега повеќето компании што предизвикале еколошки инциденти, платиле далеку помали суми од максимално предвидената, поради различни олеснувања предвидени во законот. Лани, по загадувањето на Вардар, компанијата „Арчелор Миттал“ наместо 100 илјади евра, плати казна од 50 илјади, а депонијата „Дрисла“, која во 2018 година беше казнета за загадување на воздухот, наместо предвидените 25 илјади евра, плати само 8,5 илјади евра.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново