Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MaricikiMilka1

16.09.2020

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнасоновинарката на „Ал Џазира“, Милка Смилевска која беше нападната на минатонеделниот протест.

Министерот Маричиќ истакна жалење за овој настан и потенцираше дека токму ваквите напади ја загрозуваат слободата на известување на медиумите и дека ваквите напади врз новинарите воопшто не се добри во едно демократско општество, но и дека негативно се одразуваат на имиџот на државатa.Маричиќ истакна дека очекува институциите да постапат по овој случај со што ќе испратат и порака вакви напади да не се повторуваат во иднина врз други новинари и медиумски работници.

MaricikiMilka2

Во таа насока, министерот најави дека ќенаправи максимални напори преку законски измени во Кривичниот законик да ја зголеми заштитата на новинарските екипи, во однос на одредбите кои се однесуваат на спречување или напад на новинар во вршењето на професионалната дејност. Министерот Маричиќ најави и дијалог со синдикатите на новинари и медиуми по однос на ова прашање.

 

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново