Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OliverSpasovski fin

24.09.2020

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од ковид-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во Владата разговараме во однос на зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме се што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да носат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, итн, се повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните – изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата а Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Казните, вели министерот, се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.

Во одгвор на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи информираше дека се работи на решение за регулирање на статусот на лицата кои немаат државјанство. Клучниот проблем, како што појасни, е што тие со поделбата на поранешна Југославија кога Република Македонија стана независна држава, не поднеле барање за да добијат македонско државјанство. Имало неколку периоди во кои им било понудено да го направа тоа, но, посочи Спасовски, ги пропуштиле сите тие процеси.

– Дадовме задачи и веќе правиме анализа да видиме колку се тие луѓе, кои се условите и што е тоа што треба да го промениме од аспект на законска регулатива за да може да им обебзедиме државјанство на овие луѓе. Работиме на овој план, се надвам дека службите што постојано работат на ова ќе излезат со решение, а можеби ќе треба тоа решение да се донесе од Собранието – рече Спасовски.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново