Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Manasieva fin

26.09.2020 

Во пресрет на најавеното отворање на студентските и средношколските домови низ државата, надлежните институции донесоа протоколи за целосно безбедни услови за живеење. Домовите ќе функционираат со строго почитување на протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, донесени на седница на Влада, според кои во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица, изјави Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

Според неа ќе се одржува редот и дисциплината, со ограничено движење и редовна дезинфекција, се со цел да се заштити здравјето на студентите и да се овозможи квалитетно следење на наставата и непрекинат образовен процес.

– Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 884 студенти и 347 ученици, рече Манасиева.

Студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата digitalizirajse.mon.gov.mk со внесување на потребните податоци и докази, по што ќе се исплатат предвидените средства.

– Овие решенија се донесени заедно со студентите и средношколците кои се вистински партнер во целиот процес и рамноправно вклучени во креирањето на мерките, а нивните барања се имплементирани во новите предлози за законски измени на Законите за ученички ис стуеднтски стандард. СДСМ останува посветена на заштита на здравјето на сите граѓани и полесно справување со последиците од коронакризата.

Одговорноста е заедничка и ги креираме најдобрите решенија со кои ќе го заштитиме здравјето и ќе обезбедиме успешна академска година и во време на пандемија, рече Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново