Само во еден македонски град нема активни случаи на Ковид-19
28.09.2020
Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на Ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.
Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во болниците се лекуваат 338 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.
Во претходното деноноќие направени се 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 новозаболени. Оздравени се 69 лица, а тројца починале.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, оздравени се 1.4581, а битката со коронавирусот ја загубиле 725. Направени се вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.