Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Објавено на 29 септември, 2020 во 07:43
29.09.2020
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.