Националната платформа повторно падна, учениците не можат да се логираат за пробниот час
29.09.2020
Уште на самиот почеток од вториот ден од тестирањето на Националната платформа за далечинско учење одново се појавија проблеми, откако повеќе ученици пријавија дека не можат да се логираат. Учениците од цела држава денеска во 10 часот треба д аимаат пробен час.
Вчера и официјално започна тестирањето на Националната платформа за онлајн настава, со тоа што сите ученици веќе добија лозинки, а пред официјалниот почеток на новата учебна година треба да се види издржливоста на системот на платформата.
И вчера при првото тестирање Националната платформа падна, односно многумина се соочија со проблеми при приклучувањето, но од МОН истакнаа дека целта на тестирањето е токму тоа и дека тоа е нешто што е очекувано.
– Тестирањето е дел од постапката за постигнување целосна функционалност на платформата и во тест-фазата се детектираат и се надминуваат сите предизвици. За да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година, тестирањата продолжуваат и во наредните денови – истакнаа од МОН.
Извор: Слободен печат