Од попладне намалување на облачноста и повисоки температури
Објавено на 30 септември, 2020 во 08:25
30.09.2020
Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.