Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Filipce fin

30.09.2020

Главната медицинска сестра на Инфективна клиника која им препорачуваше на граѓаните да не се групираат, да носат заштитна маска, да држат дистанца и редовно да ги мијат рацете, затоа што секој човечки живот е важен, заедно со уште две колешки си дадоа отказ.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово оствари средба со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника.

„Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша Филипче.

По оваа објава следа низа коментари на социјалните мрежи:

„Уморни се, напорна е и стресна е секојдневната борба за животот на секој еден пациент.. предолго трае се оваа… затоа и ние треба да помогнеме, да ги почитуваме минималните препораки… заедно, за да им биде полесно на нив….Секоја чест министере !!! Покажавте како се управува со здравството и ќе останете пример за сите наредни….После свадба тапани, или е сценарио за популизам (три мед. сестри си даваат отказ од една институција, па после спасителот ги враќа, или се работи за интегритет,верувам дека е ова првото. А се обидовте некој доктор да вратите од граница? Или од намерата да се префрлат да работат во приватните болници?….Ќе биде голема загуба за инфективна клиника ако ваков квалитетен и пожртвуван кадар си замине. Се надевам дека максимално ќе се залагате да ги задржите сите вредни работници, без разлика на нивната работна позиција во здравството…..Браво. Потег за почитување. Со секој потег министерот само ја докажува својата големина и како човек а не само како министер. Ни фалат вакви политичари со душа, многу ни фалат“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново