Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Filipceistudentite fin

16.10.2020

„Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по Општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа“, напиша утрово во статус на Фејсбук министерот за Здравство, Венко Филипче.


„Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците.

Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза.

Идните лекари, освен што ќе стекнат искуство, ќе ја реализираат и клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде признаена.“

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново