Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ZaevzaGoceDelcev fin

16.10.2020

Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за членство со ЕУ.

– Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме, нагласи Заев по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Според него, единствена опција е со почитување и взаемно разбирање да се изнајдат решенија.

– Јас верувам дека постојат решенија и за овие прашања, коишто се сегашен предизвик, потенцира премиерот.

Тој изјави дека верува оти македонско-бугарската Мешовите комисијата за историски прашање ќе успее да најде решение, откако, како што рече,
вчера имале „убав позитивен ден“.

– Ние сме многу мал регион, меѓусебно сме историски поврзани и верувам дека ќе бидеме паметни, таа заедничка историја од минатото да не прави поголеми пријатели, а не да не разделува, додаде Заев.

Потенцира дека има довлно време да се разгледаат и другите отворени политички прашања, со цел на вземно задволство да продолжат процесите на евроинтрегација на земјава со одржувањето на првата Меѓувадлина конференција со ЕУ во декември

– Реков дека не треба да ја ислучиме можноста дека оваа нема да успее, но истовремено реков и дека ќе направиме се за да можеме да изнајдеме решение. Нашиот народ, целиот македонски народ е позитивен кон бугарскиот народ, и бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот
народ. Верувам дека (бугарскиот) премиер Борисов сака да продолжи да помага на процесите на интеграцијата на Западниот Балкан, но и на
Северна Македонија во Европската Унија и во тоа светло ќе ги изнајдеме решенијата. Верувам претстои период на објавување на позитивни
информации. Јас сум непоправлив оптимист, а низ оптимизмот и позитивното гедање, гледам и можност за успеси, истакна Заев.

– Верувам дека ќе бидеме Европејци и со европски дух ќе можеме да најдеме мудри решенија за да можеме заедно да си помагаме и да одиме
напред, потенцира премиерот Заев.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново