Облачно со услови за повремен дожд и ветар и температури до 21 степен
Објавено на 30 октомври, 2020 во 07:58
30.10.2020
Времето претпладне ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд во северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен северен ветар, особено долж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветар. Попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.