Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dennadeteto fin

20.11.2020

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

Во сина боја ќе бидат осветлени Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Амбасадата на Италија, како и Халк банка и Рамстор мол кои се приклучија кон иницијативата.
Секоја година на 20 ноември, денот кога е потпишана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, во светски рамки се одбележува Денот на детето, а зградите и обележјата се осветлуваат во сино. Во 2019 година во сино беа осветлени важни институции како Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува во услови на пандемија која, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ги разоткри нееднаквостите во општествата, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви.

Имајќи го ова предвид, УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнис заедницата и сите други чинители да го одбележат овој ден како можност да се слушне како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината.

– Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата#KidsTakeover кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, заедно со Владата и со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија,УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново