Казнети 599 граѓани поради неносење маска
Објавено на 26 ноември, 2020 во 10:47
26.11.2020
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 599 прекршоци.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.