Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

carina fin

13.01.2021

На граничниот премин „Богородица” каде од почетокот на пандемијата нормално функционира само товарниот сообраќај, односно меѓународниот промет на стоки, цариниците спречија шверц на лекови во еден камион на влез од Грција во нашата земја.

Во камионот со скопски таблички, кој бил случајно избран, цариниците извршиле детален преглед при што, меѓу декларираната роба, биле пронајдени непријавени шест картонски кутии во кои имало 744 пакувања од 14 видови лекови, наменети за нелегална продажба.

Пазарната вредност на запленетите лекови изнесува 233.500 денари. Тие се запленети од страна на царинските службеници со потврда за привремено одземени предмети, а понатамошната постапка ќе ја води одделението за истраги.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново