Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vevcani fin

13.01.2021

Под силно полициско обезбедување и со маски ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажуваат од вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал и покрај апелите од надлежните да нема собири со цел заштита на населението од ширење на корона вирусот.


Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата, а низ вевчанските улици полека се собираат маскирани лица кои сакаат да испратат некоја порака.

Василичарските друштва Горна и Долна маала од Вевчани, како што потврдија вчера за МИА претседателите на двете друштва Перо Ташиноски и Мирослав Костојчиноски, по средбата со градоначалникот Сашо Јанкоски, се откажаа од организација на Вевчанскиот карневал, кој традиционално речиси 15 века се одржува на 13 јануари.

Одлука, како што посочија, ја донеле со цел заштита на населението од ширење на коронавирусот.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново