Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

filipce fin

14.01.2021

На примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина, министерот Венко Филипче во изјава за медиумите посочи дека наскоро ги очекуваме првите дози од вакцините, по што вакцинацијата би започнала кон крајот на овој месец или евентуално на стартот на месец февруари.

„Во првата група на вакцинација ќе бидат здравствените работници, како и оние лица над 70 години кои имаат ризични фактори. Во втората група ќе бидат оние здравствени работници со помал ризик, како и постарите лица, и оние со развиени коморбитети. Сите вакцини ќе бидат соодтвено сертифицирани, оттаму не гледам разлика помеѓу вакцините и како тие ќе пристигнуваат“, истакна министерот Филипче.

На новинарско прашање, врзано за мерките, и скратеното работно време на угостителските објекти, министерот вели дека состојбата засега е стабилна.

„Активни се инспекторатите и полицијата, и сега граѓаните повеќе ги почитуваат мерките, што вродува со плод и оттаму состојбата со Ковид 19 е стабилна“, потенцираше министерот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново