Денеска сончево време со умерена облачност, за време на викендот многу студено со дневна температура под нулата
15.01.2021
Утрово формирана е снежна покривка во повеќе делови од нашата држава.
Управата за хидрометеоролошки работи денеска прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слав до умерен ветер од северен правец, особоено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.
Следува период на претежно суво и многу студено време, особено во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, кога дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег. Од вторник се очекува благ пораст на дневните температури.
Поради продор на студена воздушна маса од север во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде многу студено со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.
Стефани Манева
#временскапрогноза #снежнапокривка #слабветер #провејуваслабснег #сувовреме #студеновреме #температураподнулата