АМСМ: сообраќајот кај премин „Плетвар“ се одвива нормално за сите видови моторни возила
15.01.2021
Авто-Мото Сојузот на Македонија утринава соопшти дека од 04:00 часот, на регионалниот пат Велес – Прилеп, премин „Плетвар“, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.
Исто така утринава укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево во двата правци, како и за патниот правец Маврово – Дебар, која беше поставена поради врнежите од снег.
На останатите сообраќајни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрон.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Стефани Манева
#АМСМ #регионаленпат #плетвар #врнежиодснег #влажниколовози #внимателновозење #граничнитепремини