УХМР: Времето денеска ќе биде ведро и многу студено
Објавено на 20 јануари, 2021 во 09:55
20.01.2021
Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утре на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Во наредните два дена ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.
За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно стуење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.
Стефани Манева
#ВременскаПрогноза #ВедроиСтудено #ПовременСнег #ВрнежиодДожд #Викенд