АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
20.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, на одредени места по влажни коловози. Поради ниските температури на одредени места можна е и појава на голомразица.
Авто-Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева
#АМСМ #ВлажниКоловози #НепреченоМинување #ПрилагоденаБрзина #ГраниченПремин