Нивото на реката Пчиња кај „Пелинце“, повисоко за еден сантиметар
20.01.2021
Водостоите на реките во земјава бележат благо намалување во однос на вчера. Исклучок е реката Пчиња на мерното место кај Пелинце, каде нивото е за еден сантиметар повисоко од вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направани од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според мерењата, водостоите на поголем дел од реките се повисоки од просекот за јануари.
За разлика од реките, водостоите на природните езера се исти како вчера, иако кај две од трите езера се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец. Повисоко од просечното е нивото на Дојранското Езеро и тоа за три метри, додека водостојот на Охридското е понизок за 10 сантиметри, а на Преспанското Езеро за 1,37 метри од просечниот. Нивото на Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
#Водостоинареки #Пчиња #Пелинце #ПовисокоНиво #УХМР