Бројот на активни ковид-случаи е намален за 46 отсто
21.01.2021
Епидемиолошката слика се подобрува, подолг период имаме намалување на новозаразени пациенти а поголем број на оздравени.
-„Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата, состојбата со вирусот е стабилна, да останеме одговорни“. – објави денес на својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.
Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум државата.
-„Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот“- додаде Филипче.
Стефани Манева
#ЕпидемиолошкаСлика #НамаленБројНаЗаразени #ЗголеменБројотНаОздравени #Ковид-19 #Македонија