АМСМ : Сообраќајот се одвива непречено, на одредени места можност од појава на одрони и утринска магла
22.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но на одредени коловози по влажни патишта.
Авто-Мото Сојуз на Македонија, предупредува за внимателно возење и прилагодена брзина на движење, почитување на поставенaта сообраќајна сигнализација и внимателно управување на возилата. Ова особено важи за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева
#АМСМ #СостојбаНаПатишта #ВлажниКоловози #Предупредување #МожностЗаОдрони