Почуствувани низа земјотреси со епицентар во Маврово
Објавено на 27 јануари, 2021 во 10:17
27.01.2021
Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри југозападно од Гостивар.
Во текот на ноќта и во Маврово беа почуствувани неколку послаби земјотреси. Едниот земјотрес со јачина од 3,2 степени е почуствуван во текот на ноќта во 1.30 часот, додека пак сабајле околу 7.44 часот е почуствуван уште еден земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер.
Според европската сеизмолошка станица, епицентарот на сите земјотреси биле во Маврово, и тоа на длабочина од еден до два километри.
Стефани Манева
#Земјотрес #Гостивар #Маврово #ПослабЗемјотрес #Епицентар