Усвоен Националниот план за вакцинацијата против Ковид-19
27.01.2021
Во рамки на денешната прес конференција, портпаролот на Владата Муамет Хоџа, ги посочи делот одлуки кои Владата ги усвои на вчерашнатa 41 седница. Главната одлука е онаа врзана за планот на вакцинацијата, која како што најави, Хоџа, ќе се одвива во три фази.
„Усвоен е планот за вакцинација против Ковид 19. Истата ќе се одвива во три фази, а сето тоа ќе се конкретизира со пристигнувањето на вакцините во Македонија. Во рамки на фазите, предност ќе им се даде на најранливите, односно оние кои имаат најголем ризик“, соопшти Хоџа.
Во текот на прес конференцијата од страна на новинарите беа поставени и прашањата кога ќе започне вакцинирањето и зошто се’ уште не е пристигната вакцината во нашата земја.
-Во текот на месец февруари ги чекаме вакцините од Фајзер, по што ќе започне вакцинацијата – додаде Хоџа.
#Ковид-19 #Вакцинација #МуаметХоџа #НационалниотПлан #ТриФази