Забрана за движење на товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка продолжува и денеска
28.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, но на одредени места и по влажни коловози. Денеска врнежи од снег има и во Крива Палака па се препорачува возење со прилагодена брзина.
На патниот правец Тетово-Попова Шапка и денеска има забрана за движење на тешки товарни возил, а се препорачува употреба на зимска опрема за лесни моторни возила како и автобуси на истиот патен правец.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини како и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност за одрони на патот. Ова се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева
#АМСМ #ПрилагоденаБрзина #ЗабранаЗаДвижење #Тетово-ПоповаШапка #Снег #ВлажниКоловози #УтринскаМагла #ОдрониНаПатот