Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

popis dijaspora

02.03.2021

Процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Не ги знам сите технички детали, но, тоа што знам е дека по прибирањето на податоците се прави компарација по осум бази на податоци. Државата потоа со еден клик може да види кои граѓани се нерезидентни, односно се повеќе од една година надвор од државата. Сите други граѓани кои се во странство помалку од една година, па дури и 11 месеци, се резиденти. Иако во моментов може да се попише некој што е и два месеци надвор, според Евростат и по меѓународните стандарди тој е резидент, односно не спаѓа во групата дијаспора или нерезидентно население, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Народната кујна во Шуто Оризари.

Самата споредба на базата на податоци, дециден е премиерот Заев, ги дава деталите.

– Во моментот се попишува нашата дијаспора, односно граѓаните кои живеат надвор од земјата повеќе од една година, истакна Заев.

Во јавноста денеска излегоа информации дека на платформа за попис на дијаспора може да се попишуваат и лица од Македонија, на што реагираа и од Државниот завод за статистика од каде истакнуваат дека до апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а оти секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.

– До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години”, наведуваат во соопштение од Државиот завод за статистика.

Од таму потенцираат дека внесувањето на податоци преку ВПН или прикриена ИП адреса, односно самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

Од ДЗС посочуваат дека со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново