Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

azeski

02.03.2021

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска, од работната средба со вицеопрмеиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, упати апел до сите парламентарни партии, на денешната собраниска седница која се одржува по подолго време, да ги изгласаат економските закони.

Секое кочење на законите, напомена Азески, значи сериозен удар за стопанството и компаниите. Опозицијата и другите партии, порача, да имаат предвид дека за бисниот е важен секој денар и секој ден, особено во ваква ситуација, како што е актуелната со ковид 19.

-За денеска е најавена седница на Собранието по подолго време на која треба да поминат некои закони. Сакам да упатам апел до сите парламентарни партии, да имаат предвид во каква ситуација се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштат. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите. Опозицијата и другите партии да го имаат тоа предвид зашто секоја пара и секој ден ни се значајни во оваа ситуација во која се наоѓаме, истакна Азески.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново