Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zatvoreni kafani

07.04.2021

На сила вчера стапи новиот полициски час кој започнува од 20-05 часот и ќе трае до 20 април.

Според властите овој трет бран на Ковид-19 е најсилен, и треба побрзо да заврши. Целта на овие мерките, според надлежните, е да се заштити здравјето на граѓаните.

Од денеска во наредните две недели ќе бидат затворени сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување.

Исклучок од оваа мерка се рестораните во рамки на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, но и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор. Според процените на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30.000 граѓани што работат во овој сектор.

– Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето нови рестриктивни мерки, кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа, итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите што поради одлуката за затворањето, ќе останат без какви било приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места – вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, пак, смета дека кафеаните не придонесуваат на зголемувањето на бројките на позитивни од ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново