Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bojan maricic

07.04.2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ во телефонско гостување во емисијата утрински брифинг говореше за посетата на Брисел и Анкара и дигитализацијата на судството.

Министерот брифираше дека во Брисел тој порачал дека Северна Македонија ќе продолжи интензивно да ги спроведува реформите дома, но дека е потребно ЕУ да не го губи фокусот и час поскоро да создаде услови за почеток на преговорите.

Говорејќи за посетата на Анкара, Маричиќ истакна дека главниот повод на посетата е размена на искуство во делот на едукацијата на кадрите во правосудството и дигитализацијата на судскиот систем.

– Денес ќе го посетам Генералниот директорат за информатичка технологија каде ќе имаме можност да видиме каков систем за дигитализација на судството имаат тука. Дигитализацијата кај нас ќе биде поддржана од нашите меѓународни партнери како амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Норвешката влада итн., информираше Маричиќ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново