Pendarovski fin

28.09.2020

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.

MTPS fin

28.09.2020

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Исто така согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница и на граѓаните припадници на еврејската заедница, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и првиот ден на Јом Кипур.​

zastitnimaski fin

28.09.2020

Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на Ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Posta fin

28.09.2020

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка.

promenlivooblacno fin

28.09.2020

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

minzazdravstvo fin

27.09.2020

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново