Попладнево во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазeпамот“. Граѓански активисти во акција поставија споменик на апчето дијазапам со димении 1.4м х 1.2м на јавен простор, јави ТВ 21.

“Не го познавам Мунир Пепиќ. Никогаш не сум се сретнал со него. Можеби тој доаѓал во Пустец, но со мене немал контакт. За него дознав од пишувањето на некои медиуми”-изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, на прашањето дали се познава со Пепиќ и каква била неговата евентуална улога во обезбедувањето лични карти за жителите на албанската општина со мнозинско македонско население непосредно пред последните локални избори-информира Телма.

Фирмата Корал сопственост на сопругата на градоначалникот на Демир Капија Виолета Димитриева уште во 1998 година склучила договор со министерството за земјоделие за закуп на 848 хектари државно земјоделско земјиште. Во 2012 година истата фирма го отстапува својот удел на странска компанија под услов сите долгови претходниот корисник да ги исчисти.

Нема крај на хаосот, кражбите и човечките негрижа и невнимание кои владеат во прифатниот камп за бегалци во кумановското село Табановце, на македонско-српската граница. Вчера, засега непознат крадец, среде бел ден успеал да украде 34 ќебиња од возило кое носело хуманитарната помош, а било паркирано во кампот.

„10 години Никола Груевски ја уништува државата. Не постојат институции , не постои државата. Партијата на власт целосно ја има поклопено државата.

Со објавувањето на избирачкиот список во јавноста испливаа бројни проблеми – непостоечки адреси, десетици луѓе во еден стан, починати лица, право на глас во различни општини. Тешко дека ќе се стигне списокот да се прочисти на време, велат упатените.

Поврзани вести

 

Најново