МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Денеска со почеток во 11 часот, извештајот на Катица Јанева за работата на Специјалното јавно обвинителство во претходните шест месеци, ќе се разгледува на собраниската комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, утринава во 4 часот и 36 минути е почувствуван во источните делови од Македонија.

Мали бродови полни со мигранти и натаму пристигнуваат во Грција од Турција и покрај почетокот на договорот меѓу ЕУ и Турција за редуцирање на протокот на бегалци. Според договорот, кој стапи во сила вчера, мигрантите што ќе пристигнат на грчките острови, треба да бидат вратени назад во Турција.

Така веќе со години минуваме кон летно време, воведена кај нас во далечната 1979 година.Идејата за промена на времето со еден час за првпат се воведува на пракса од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново