Побаравме дозвола од судот за денеска заедно со полицијата да извршиме претрес во една локација во скопското село Батинци. Можам да ви кажам дека претресот е завршен, а во чиј дом бил извршен претресот и што ќе биде во иднина засега не можам да известам, изјави за Плусинфо обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска.

Жителите на општина Бутел за денеска подготвуваат нов протест што треба да се одржи, како и вчера, пред Министерството за внатрешни работи. Продолжуваат да протестираат бидејќи, како што велат, МВР не одговорило на нивниот повик со полиција да го обезбеди местото каде треба да се гради крстот за да може да продолжат градежните работи, пишува Плусинфо.

Избирачкиот список кој е објавен на апликацијата на веб страната на ДИК е резултат на методолошки обработените податоци добиени од службените евиденции на МВР, Управата за водење на матични книги и Основните судови, за државјаните на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови да се стекнат со избирачко право заклучно со 01.12.2015 година. Истакнуваме дека адресните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишани како што се водат во евиденцијата за живеалиште на МВР, порачуваат од ДИК и велат уште сите да проверуваат и за себе и за другите, пишува Локално.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) и Здружението за судска администрација на Р. Македонија (ЗСА) на 23, 24 и 25 март 2016 година, ќе одржат три дневен штрајк во сите Судови во Р. Македонија, кој е продолжение на предупредувачкиот штрајк од 03.12.2015 година и претставува следна фаза од барањата за измени на Законот за судска служба.

Претходното рочиште беше одложено, откако адвокатите на обвинетите бараа од судот поголема судска сала, бидејќи, според нив, немало доволно простор за да можат да работат, но и да влезат роднините на сите обвинети.

Денеска  ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново