22.01.2021
Нивоата на поголем број од реките во земјава се над просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се околу јануарскиот просек, а нивото на Дојранското езеро е над просекот за овој месец.
22.01.2021
Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година.
22.01.2021
Од денеска стапува во сила новата, продолжена, одлука на грчката Влада за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Северна Македонија и со Албанија, што важи до 8 февруари во 6 часот наутро.
22.01.2021
Речиси сите епидемиолошки параметри, според кои се евалуира состојбата со епидемијата, бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство, Венко Филипче.
22.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но на одредени коловози по влажни патишта.
22.01.2021
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.