Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Свети Николе – Куманово и Велес – Катланово до 50 метри и Куманово – Страцин од 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.

Во пресрет на Бадник, вечер во маалата и улиците низ градовите во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Од министерството за труд и социјална политика информираат дека утре,среда 6- ти јануари,Бадник ден пред Божик е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50метри.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег.

Околу половина метар изнесува снежната покривка на скијачките терени на планината Кожуф, информира извршниот директор на компанијата ски-центар Кожув Ангел Наков, која е со седиште во Кавадарци, пишува Локално.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново