На граничниот премин Ќафасан денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година.
ПрестСоветот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата сецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор беше едногласно разрешена од членовите на Советот.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст/анализа на тема „Новинарски акредитации или лиценци за борба против лажните вести?“ што ќе биде објавен во октомврискиот број на електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на државата.
На вкупно 34 основни и средни училишта денеска во Владата им беа доделени договорите за финансиската поддршка од Фондот за иновации, согласно вториот Конкурс за млади истражувачи.