Специјалната обвинителка Катица Јанева, со образложение дека е намален обемот на работата на Обвинителството, им се заблагодарила на досегашната работа на обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева. Му предложила на Советот на јавни обвинители да ги врати на местата од каде што беа избрани, односно во Тетовското и во Скопското обвинителство.

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска би требало да се појави на седницата на Советот на јавни обвинители и да даде отчет за сработеното.

Eкстерното тестирање во  некои училишта  во државата почна со проблеми. Во неколку училишта почна подоцна, поради технички проблеми. Но во повеќето училишта процесот на тестирањето почна без проблеми. Над 19 илјади матуранти вчера полагаа за екстерното тестирање каде одговорија на 30-те подготвени прашања.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.

Минусни температури утрово се измерени во сите региони во Македонија. Најстудено со -11 степени било во Берово. Во Струмица и Битола се измерени -5, – 4 во Крива Паланка, Лазарополе и Пожар, -3 во Виница, Крушево, Тополчани, Демир Капија, Маврово, Гевгелија, Прилеп, Скопје и Тетово, -2 во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Кавадарци и Претор и -1 во Дојран, Охрид, Куманово и Дебар.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим обвинители побарале зголемено обезбедување по вчерашното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, остро ја нападна Јанева, информираат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново