Специјалното јавно обвинителство денеска на распит го повика градоналникот на општина Центар Андреј Жерновски. Од тимот на Јанева не откриваат за каква истрага станува збор, но градоначалникот најави дека е повикан да даде исказ за начинот на кој општина Центар ги трошела парите за спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Во текот на денешниот  ден ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно со врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во првата половина од денот и во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Температура до 28 степени.

Денес времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви периоди.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во саботата ги утврдиле упатството и образецот за пријавување на 39.502-та спорни запишани гласачи во Избирачкиот список, за кои треба да се објави повик овде во Македонија и во дипломатско конзуларните претставништва во странство. Овие луѓе при теренските проверки не беа најдени дома, а за нив немаше ни повеќе записи во институциите. Готова е и апликацијата за електронско пријавување на овие спорни гласачи, зашто пријавувањето освен со писмен поднесок, ќе биде и електронски.

Потписниците на пржинскиот договор од денеска почнуваат да ги усогласуваат Законите кои во наредниот период треба да ја поминат и собраниската процедура информираат партиски извори.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново