Црвениот крст на република Македонија продолжува со поддршката на мигрантите и бегалците. На двата гранични премини во гевгелија и табановце, со 11 мобилни тима е дваесет и четири часа на терен. За само една недела дистрибуираше 5.061 шишиња за вода за пиење, 892 пакети со прехрамбени продукти , 1025 пакети со хигиенски средства, 2.260 мантили за дожд, 2.557 комплети шал, капа и ракавици, 1.072 јакни, 760 чизми. 1.256 ќебиња а прва помош им укажа на 2.300 лица.

Гори скелето од кое се монтира новата барокна фасада на ЕВН на скопскиот плоштад, јави Плусинфо.

До крајот на неделава четворицата партиски лидери ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, но во Брисел, дознава Алсат-М.

Судијата во претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1-Скопје синоќа по неколкучасовниот распит, го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В осомничени за сторени изборни измами во предметот „Титаник“.

По речиси осум часа присутност во судот екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, осомничена за злосторничко здружување кое извршило изборна измама, го напушти Основниот суд Скопје 1 без никаков коментар. Сè се случува во најголема тајност, без истекување информации, без парадни приведувања , носења како што беше досегашната практика, и без притвори. Сепак распитите и обвиненијата не запираат, и веројатно ќе се наголемуваат, пишува Локално.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно суви коловози освен на осојничавите места.

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.