„Со американскиот потпретседател Џо Бајден разговаравме за политичкиот договор,  економијата и економската соработка, безбедносните предизвици, членството на македонија во НАТО и во Европската Унија“, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со Бајден во Вашинготн.

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан по вчерашните средби со претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА најавија дека на денешната прес конференција ќе ги кажат нивните оценки за спроведувањето на овој договор.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и наместа по влажни коловози. Ветар со силен интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните и североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Се работи за вкупно 33 луѓе кои се помилувани три недели пред Новогодишните помилувања. Одлуката претседателот ја донел на 9-ти декември, а во службен весник е објавена два дена подоцна, на 11-ти.

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново