Вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, оваа година, соопштија од Државната изборна комисија.

Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти за денешната свеченост.

Папата Франциско ја прогласи Мајка Тереза за светица на мисата која се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим, во присуство на околу 100 илјади верници и гости од целиот свет.

Времето во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот обчаноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи.

ЕУ со нетрпение очекува да се надмине долгорочната политичка криза преку договорот од Пржино посредуван од ЕУ и САД и прифатен од главните политички партии, со јасни насоки во тој правец за одговорност и ставање на прво место на интересите на земјата. Тие насоки се клучни не само за имплементација на овој договор, туку и за имплементирање на неопходните реформи за подобра иднина на вашите граѓани.

Собранието на Република Македонија денеска согласно договорот постигнат на лидерската средба треба да ја избере преодната влада која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново