И оваа рунда преговори  за медиумските реформи не успеа. Тврди позиции на власта – без попуштање. Работната група за спроведување на Договорот од Пржино и овојпат  не успеа да се договори за законот за медиумите. Предлогот на СДСМ кој претходно беше ставен на маса,  ВМРО-ДПМНЕ го одби.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по влажни коловози,наместа има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите екипи. Снег провејува на Деве Баир, Плетвар, Кула, Крива Паланка, Страцин и Павлешенци.

Денеска  времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди.

Власта тврди дека има работа за сите и дека само пет луѓе од 100 заминати во странство постигнуваат успех. Само добар маркетинг е дека надвор се заработува подобро, вели директорот на Агенцијата за вработување. Но, најголемиот дел од младите иднината ја гледаат надвор од земјата и не размислуваат за враќање.

Неделникот Република од владата во изминатите три години добил скоро 900 илјади евра, објави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Со низа активности денеска се одбележува 144-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи ќе положат цвеќе на гробот на  Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново