Уставните судии со мнозинство гласови одлучија дека ќе поведат постапка за оценување на измените на законот за помилување. Станува збор за разгледување дали ќе му се зголемат ингеренциите на претседателот да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога, пишува Радио Слободна Европа.

Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите.

Сите партии ја имаат одговорноста на 5-ти јуни да се организираат фер и демократски избори, и секоја од нив треба да направи напор истото да се реализира – порача американскиот амбасадор Џес Бејли по одлуката на Собранието Македонија на избори да не оди на првопредвидениот датум 24-ти април, туку на 5-от ден од јуни, пренесе 24 Вести.

„Во овој момент, постигнати се сите потребни услови за одржување фер и демократски избори на 24 април. Тоа му е јасно на секој човек, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори, како што му се јасни причините за проценката на ЕУ и САД, и како што се јасни причините зошто прифативме мало поместување. Одлуката беше во наши раце, но и одговорноста која ја носиме за државата и народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во обраќањето кое доцнеше скоро час и половина, беше најавено многу пред обраќањето на Заев, а се случи по него.

„Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за медиуми и прочистување на избирачкиот список, лажниот патриот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ и САД, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината.

Вонредните парламентарни избори нема да се одржат на 24 април по вечерашната одлука на Собранието да не се распушти и откако со 73 гласа за и 7 воздржани беа усвоени измените на изборниот законик.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново