14.04.2021
Во свое и во име на вработените во Министерство за внатрешни работи Ви го честитам Денот на Царината, имајќи во преден план дека царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги, пишува во честитката од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Денот на Царината на Република Северна Македонија.
14.04.2021
Има дополнителни слободни термини во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје за вакцинација против ковид 19 на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години, информираат од министерството за здравство.
14.04.2021
Утрово Драги Рашковски преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев се повлече од функцијата секретар на Владата.
14.04.2021
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видео обраќање на царинските работници и на Царинската управа им го честиташе 14 април – Денот на Царинската управа.
14.04.2021
„Немаме некои негативни реакции од вакцинацијата, освен оние 3-4 случаи, кои се појавија во јавноста. Тие беа од возбуда, едното од лицата од самото раѓање имал страв од инјекции и затоа колабрирал, додека едно лице од МВР кажа дека цела вечер бил на работа и дека не е појадуван“, изјави директорот на Здравствениот дом Скопје и раководител на целата масовна имунизација во земјава, д-р Виктор Исјановски за емисијата „Утрински брифинг“.
14.04.2021
Денеска на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија треба да се ставени Законите од петтиот пакет антикризни мерки.