Европскиот посредник во работните групи за остварување на пржинскиот договор Питер Ван Хауте денеска се очекува да оствари поединечни средби со претставниците на политичките партии, потписнички на договорот.

Повеќе од 70 отсто граѓани би се вклучиле во граѓанска иницијатива доколку се лично засегнати или доколку е засегнат некој близок (69%).

Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот „Монструм“. На сослушување биле повикани адвокатите и семејствата на обвинетите, дознава „Алсат-М“ од извори во обвинителството.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози освен на осојничавите места.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Повелба за етичко известување за време на избори изготви Советот за етика во медиумите со цел, како што посочуваат оттаму, да се постигне навремено, вистинито и објективно информирање на јавноста за претстојните парламентарни избори.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново