Mинус 14 степени Целзиусови, во седум часот изутрина, е измерена во Берово, а минус 13 во Битола и минус 12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово,соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Продолжува периодот на стабилно, суво и студено време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени.

Собранието не го донесе Буџет на Катица Јанева за 2016-та иако поминаа дваесет дена од новата година. Според информациите од Специјалното јавно обвинителство, нивниот финански план е усвоен од министерството за финансии и Владата, но од засега неразјаснети околности Собранието не го ставил на дневен ред-информира Алсат.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност.

Следува период на стабилно и студено време.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново