Православните христијани кои се повикуваат и водат  според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат православната нова година, која почнува утре на Василица.

Денеска ПИОМ треба да даде отчет за долговите кон приватните фондови. На барање на првиот човек на државниот пензискиот фонд Шаип Занели, рокот за достава на документи е продолжен до денеска - потврди за 24 Вести министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Добредојдовте во општина Пустец. Ваков срдечен поздрав има на влезот на селото за сите добронамерници кои решиле да ги посетат Македонците во Албанија. И екипата на Алсат Мвчера беше во селото кое навистина е запустено, но кое крие приказни кои ќе се раскажуваат со години и децении.

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Кичево - Гостивар.

Денеска  во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Температурата до 10 степени.

На дадилката која го тепаше 9 месечното бебе денеска на затворена седница и беше одредена казна затвор во траење од 10 месеци.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново