Од недела ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините.
Поради појава на магла,утринава, видливоста на патниот правец Катланово – Велес е намалена до 50 метри.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските премини Стража и Маврово.
Во следниве два дена ќе има повеќе сонце. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, и ќе биде релативно топло во однос на овој дел од годината. За време на викендот во одделни котлини ќе ќе има услови за појава на магла.
Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Свети Николе – Куманово и Велес – Катланово до 50 метри и Куманово – Страцин од 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.
Во пресрет на Бадник, вечер во маалата и улиците низ градовите во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.